Времетраење
30 до 60 дена
Дневни Оброци
4 Оброци
Левел
Балансиран
Цена
999 денари
Категорија
Храни се Здраво
Подарок
Книга на Тоше Зафиров
Адвокатска Диета
Адвокатска Диета е план за исхрана кој содржи и препорачани физички активности и многу совети и насоки специјално дизајниран за адвокати, и за мажи и за жени, кои сакаат да ја подобрат својата физичка форма и да го оптимизираат своето здравје во својот динамичен животен стил.
Адвокатската Диета е уникатен план ој го зголемува вашето здравје и енергија, и е прилагоден на потребите и обврските на адвокатите. Со специфичен фокус на урамнотежена исхрана и ефикасни вежби, овој тренинг е создаден за да ви помогне да се справите со секојдневните предизвици, истовремено одржувајќи го вашето тело и ум во врвна форма.
Диетата вклучува конкретен план за исхрана кој е прилагоден на вашите индивидуални потреби, многу совети за брзи оброци, оброци пред работа и препорачани активности кои може да се вклопат за различни типови на секојдневните активности.
Предности на Адвокатска Диета
Со урамнотежената исхрана и редовната физичка активност, ќе почувствувате зголемување на енергијата и менталната острина, што е од клучно значење за вашата професија.
Соодветната комбинација на исхрана и вежби ќе ви помогне да ја одржувате или подобрите вашата физичка форма, без да го нарушите вашиот распоред.
Плановите се лесно прилагодливи и можат да се вклопат во вашата секојдневна рутина, без да го загрозат вашиот професионален и личен живот.
Дел од состојките кои што се вклучени во планот за исхрана
Наша Препорака за Риба
Водени од визијата за иновација и извонредност, ги проширивме нашите производствени капацитети за да вклучиме софистицирани, најсовремени производи. Нашата посветеност на квалитет и прецизност ни овозможи да го оствариме нашиот сон за испорака на исклучителни производи. Резултатите зборуваат сами за себе. Нашите понуди се познати по нивниот врвен квалитет, луксузниот дизајн и исклучителен вкус, што е доказ за задоволството на нашите ценети клиенти.
Со јасна визија и непоколеблива посветеност, развивме палета на премиум 100% македонски производи под брендот ROYAL FISH. Секој производ е одраз на нашата посветеност на највисоките стандарди на технологија и експертиза. Од нашето сопствено производство на свежа риба до непосредна обработка и пакување, ние гарантираме дека секој производ што доаѓа до нашите клиенти е свеж, висококвалитетен и вкусен.
Успешни Трансформации
Успешните приказни се дел од нашето секојдневие!
Број на трансформации над 1000 задоволни клиенти
“Имам држено диети не знам какви и не знам веќе колку и ефектите биле минимални а сум умирал од глад. Диетата ти што ми ја даде не да е добра туку е совршена, не сум гладен, имам енергија и за 5 дена 4 кг. симнав.”
“Многу сум задоволна од резултатот, за 5 дена симнав 3,4 кила. Воопшто не бев гладна и овие резултати без никаква дополнителна физичка активност. Понекогаш во текот на денот осеќав главоболка ама тоа беше издржливо. Сега ќе почнам и со прошетки затоа што не стигнав во првата недела.”
“Сабота наутро стартни 103 кг. понеделник наутро 100.5 кг. Придржување кон режимот, освен џвакање мастика, тоа е отстапка од моја страна.”
Слични Планови за Исхрана
Брзи и Слатки Оброци!
Брзи и Слатки Оброци е план на исхрана креиран да ви овозможи здрав и вкусен оброк за брзо време, без притоа да поминувате многу часови во кујна.Секоја рецепта е креирана да биде брза и лесна за приготвување, што ви овозможува да уживате во вкусни оброци а сепак да заштедите време.
Лесна Диета
Нашата Лесна Диета е идеална за оние кои сакаат да ги подобрат животни навики и да уживаат во здравиот живот.Диетата е дизајнирана да биде лесна за следење, со јасни упатства и вклучување на здрави и вкусни оброци.
Месечна Диета - 2000 Калории
Диетата со внес на 2000 калории на ден во времетраење од 4 недели со 6 оброци на ден е дизајнирана за да обезбеди разновидна и хранлива исхрана која ги задоволува дневните потреби на организмот. Оваа диета ќе вклучува оброци кои се богати со витамини, минерали и хранливи материи, вклучувајќи зеленчук, овошје, месо, риба, житарици и здрави масти.
Храни се Здраво
Започни ја денес твојата најдобра трансформација со нашите планови за исхрана!
Одбери го твојот Фитнес Ментор
План за Исхрана - Почетник до Професионалец
Планот за исхрана од почетник до професионалец е дизајниран да ги подобри вашите навиките за исхрана на различни нивоа. Овие планови се персонализиран според индивидуалните потреби и цели, вклучувајќи ги фактори како возвраст, пол, телесна тежина и ниво на активност.
Нашата цел е да го потикнеме секој човек да внимава на своето здравје со внесување на здрави намирници и физичка активност. Нашата палета за планови на исхрана е голема и имате можност да одберете план за исхрана прифатлив за вашиот џеб.