Левел
Мотивација
Цена
499 денари
Моќта на Промените - Тоше Зафиров
Секој збор во оваа книга е напишан со љубов, секоја страница е исполнета со животните лекции кои ги собрал низ годините – од спортските натпревари, од учењето, од работата на себе и од љубовта кон своето семејство. „Моќта на промените“ не е само книга, тоа е неговата душа, неговото животно дело.
Во оваа книга, Тоше ни раскажува приказна за два лика – Иван и Александар. Преку нивните животи, тој ги покажува сите оние вредности кои го обликувале и него самиот – љубовта кон семејството, почитувањето на татковината, силата на самоконтролата и самодисциплината. Иван, кој расте во здраво и љубовно семејство, ги носи со себе сите тие вредности и станува пример за тоа како еден човек може да влијае на светот околу себе. Од друга страна, Александар, кој бил лишен од љубов и внимание, го губи патот и станува нешто што никој не сака да биде.
Но, токму тука се открива моќта на оваа книга. Иван, со својата длабока мудрост и љубов, не го остава својот пријател. Тој решава да му помогне на Александар, да го води низ животот преку 50-те животни правила кои Тоше ги напишал со години на искуство и труд. Овие правила не се само зборови – тие се водич за животот, патоказ кон успехот, како на духовен така и на бизнис план.
„Водете сметка за своето тело затоа што тоа е единствено место каде што морате да живеете“
За Книгата
Ова дело е повеќе од книга – тоа е манифест на љубовта и трудот, на посветеноста кон подобрување на себе и општеството. Со оваа книга, Тоше не само што ја споделува својата мудрост, туку и својата душа. Нека „Моќта на промените“ ве однесе на едно патување, нека ви ги покаже вистинските вредности и нека ве инспирира да станете она што секогаш сте сакале да бидете.
Слични Планови
Детокс Диета
Со отстранување на солта од телото ќе намалите многу килажа и многу маснотии, а притоа ја задржувате вашата мускулатура и осеќате затегнување на вашата кожа. Исто така, вашата кожа ќе биде помазна и ќе ги изгубите брчките, при што тонусот на мускулатурата ќе се подобри. Му помага на телото да го избалансира метаболизмот и хормоните. Одлично и прецизно избалансирана диета за вегетаријанци, замена на месо со вегетаријански продукти.
Детокс Диета - Фаза 2
Детокс диета – фаза 2 е надградба на претходната детокс диета и претставува продолжување и стекнување навики за долгорочен начин на исхрана. Целта на оваа фаза е да се продолжи со прочистување на телото и да се задржи балансот.
Во Фаза 2 ќе ги елиминирате токсините и непотребните материи од тело, што ќе го освежи и подобри метаболизмот.
Фаза 2 ќе помогне во подобрувањето на нивоата на холестерол во крвта, што може да има позитивни ефекти врз срцето и целокупното здравје.
Тренинг за Згодни Жени
Тренинг за Згодни Жени е специјализиран да ги поттикне жените да го подобрат својот физички изглед и да го зголемат своето фитнес ниво. Оваа програма е идеална за сите жени кои се здравствено свесни и бараат интензивен тренинг за да го подобрат својот облик и здравје