Search
Close this search box.

кои сме ние?

ДАЛИ СТЕ И ВИЕ СПРЕМНИ ЗА ПРЕДИЗВИК !!!

Тоше Зафиров

Во светот на бодибилдингот Тоше Зафиров е професионален тренер со 27 годишно искуство во фитнесот, има освоено медал на Mr Olympia Amateur и има учествувано на повеќе од 60 натпреварувања. Тој ќе им обезбеди на вежбачите програми за тренинг и планови за исхрана, ќе им обезбеди целосна поддршка и ќе ги води низ внатрешната битка за физичка промена и здрав животен стил.

Како професионален тренер е тука за да ги подготви вежбачите за професионален бодибилдинг. Со персонализирани тренинзи и планови за исхрана, софистицирани техники и непрекината поддршка, тој го овозможува преодот од обичен вежбач до професионален вежбач.

Секој што сака да стане повеќе од рекреативен вежбач, односно професионален бодибилдер може да се обрати кај најдобриот во Македонија.

Габриела Зафирова

Габриела Зафирова е сертифициран професионален тренер. Се занимава долги години со фитнес, има учествувано на многу натпревари и има освоено многу награди, признанија и медали меѓу кој е и Mr Olympia Amateur. Освен формирање и градење на телото нејзина цел е да се стекнат и здрави навики. Габриела нуди онлајн тренинзи и планови за исхрана кои се со фокус на мускулите на задникот.

Таа нуди и поефективни резултати, прилагодена програма, професионален совет и мотивација, комуникација и поддршка со правилни насоки за градење на вашето тело кое сакате да го добиете.

За секоја девојка, жена што сака да го изгради своето тело тука е Габриела која може да ви помогне преку правилни вежби, техники и план за исхрана да ги постигнете вашите цели.

Ангела Зафирова

Влезете во светот на фитнесот и бодибилдингот со нашиот најмлад тренер што ги менува правилата на играта. Ангела Зафирова е веќе 1 година тренер, таа е многу посветена и повеќе од цврсто гази по патот на фитнесот. Иако е најмлада веќе има освоено награди меѓу кои се издвојува светското првенство во јуниор категорија каде што го освојува првото место. Таа веќе постигнува големи успеси и е подготвена да ги води младите ентузијасти кон истиот пат на успехот.

Ангела нуди онлајн тренинзи и планови за исхрана, ги поттикнува своите вежбачи да се борат за замислените цели со неизмерна мотивација и поддршка. 

Со личен пристап и индивидуално прилагодени програми, таа ги воведува вежбачите во светот на фитнесот на начин што ги инспирира да ја превземат својата физичка и ментална сила.

Зоран Милошевски

Зоран Милошевски е еден од нашите сертифицирани професионални тренери и тој е тука за сите кои се почетници во оваа голема авантура на фитнесот и бодибилдингот. Тој е исто освојувач на најпрестижниот медал Mr Olympia Amater а има и други вредни награди и медали кои се потврда за неговата посветеност во фитнесот. 

Тој нуди онлајн тренинзи и планови кои се специјално создадени за почетници. Преку јасни упатства, демонстрации и персонализирани програми, тој ги воведува вежбачите во светот на бодибилдингот со сигурност и увереност.

Зоран ќе ви даде целосна поддршка и инспирација, а преку мотивација ќе ве поттикне да ги совладате тешките денови и периоди без да се откажете. Неговата цел е неговите вежбачи да се развиваат, растат и напредуваат и да стигнат до професионални бодибилдери.

Сите тренери

Instagram

@fitshopmk

Facebook

@fitshopmk

TikTok

@fitshopmk

Зачлени се

Биди во тек со сите наши настани и новости и добивај ги сите најнови информации од нашата вибер група.

Scroll to Top