Search
Close this search box.

Зоран Милошевски - Тренер за почетници

адвокат

Зоран Милошевски е роден 1981 година во Скопје. Завршува средно фискултурно училиште и се стекнува со диплома за спортски тренер. На само 18 години одлучува својата кариера да ја продолжи во воената полиција и се стекнува со статус на бранител, но таму ја завршува кариерата и дипломира на правниот факултет “Јустинијан I” во Скопје.

Својата фитнес револуција ја започна во 2021 година под менторство на Тоше Зафиров. Во 2022 година обезбедува учество на светскиот шампионат и освојува четвртото место, а истата година настапува и на NPC EUROMASTERS турнирот во Рим и повторно освојува четврто место.

Во 2023 гофина во Романија настапува на светски познатиот Mr Olympia Amateur турнир и ја потврдува добрата форма со освојување на четврто место.
Денес успешно работи како адвокат но и персонален фитнес тренер, а е дел и од ФИТНЕС РЕВОЛУЦИЈАТА НА ТОШЕ ЗАФИРОВ.

Вежбај со Зоран

Вежбањето со некој од нашите тренери не е само вежбање кое е краткотрајно, механичко, кое претставува само создавање тренинг и исхрана, тоа е многу повеќе и претставува стил и начин на живот. Нашите тренери се избрани за да опфаќаат повеќе категории, односно од тренери кои работат исклучиво со почетници, млади вежбачи па се до професионални вежбачи. Може да изберете тренер според вашите потреби, цели и способности. Сите се професионални сертифицирани тренери, признати од општеството кои оставиле белег, со освоени многу медали меѓу кои и најпрестижниот медал во фитнесот Mr Olympia Amateur, сите се со високо образование кои го посветиле животот во наука, водење здрав живот и се вистински професионалци во она што го работат. Нивниот пристап е топол и за кој и да се одлучите ќе добивате безрезервна поддршка и знаење како во фитнесот за физичко здравје, така и ментално за ојачување на вашиот карактер без да имате падови, губење на самодоверба и да сакате да се откажете. Тука се максимално да ви помогнат и да се радуваат на вашите резултати.   

Со онлине тренер, вашата мотивација станува непобедлива, трансформирајќи ги вашите цели во реалност.

Зошто Песонализиран Тренинг

Персонализиран тренинг значи дека тренингот е адаптиран според вашите потреби, цели и физички капацитети. Ова овозможува резултатите да се поефикасни и да спречите можни повреди преку програми што се поврзани ксо вашите специфични потреби и цели.

Персонализираниот тренинг обезбедува постојана поддршка и мотивација од професионален тренер, што значи дека сте во можност да ги надминете поставените граници и да го постигнете најдобриот резултат. Освен тоа, персонализираниот тренинг може да биде поефикасен во споредба со обичната тренинг рутина, бидејќи се адаптира според вашите физички капацитети.

Внесете нова димензија во вашиот живот!

Зошто Песонализиран План за Исхрана

Персонализиран план за исхрана значи да добиете план за исхрана кој што е усогласен според вашите потреби, вкусови, физички активности и здравствени состојби.
Ова ви овозможува да го подобрите здравствениот статус, да ја регулирате тежината и да го подобрите физичкото и менталното здравје.


Персонализираниот план за исхрана обезбедува правилно балансирање на храната, во согласност со вашите потреби и цели, што може да доведе до подобрување на енергијата, подобрување на концентрацијата и способностите за вежбање.

Здравиот начин на живот не смее да е избор!

Зошто Онлајн Менторство

Избирањето на онлајн менторство овозможува флексибилност и достапност, бидејќи можете да имате пристап до одбраниот ментор во секое време. Онлајн менторите обезбедуваат персонализирани тренинзи и план за исхрана и целосна поддршка, што ви помага да ги надминете вашите предизвици и да ги постигнете вашите цели.

Онлајн менторството обезбедува пристап од каде и да било во светот, што значи дека може да го најдете најдобриот ментор за вашите потреби и цели. Оваа опција ви обезбедува и постојана поддршка и мотивација од професионален ментор, што ќе ви помогне да ја изградите и одржите рутината, да ги следите вашите цели и да ја постигнете најдобрата можно верзија од вас како здравствено така и психолошко.

Со тренинг, исхрана и менторство вашата трансформација е загарантирана!

Одбери го твојот Фитнес Ментор

Животен Фитнес Ментор

Тренер за Обликување на тело - фокус на Нозе и Задник

Тренер за Почетници

Scroll to Top