Времетраење
30 дена
Дневни Оброци
5 Оброци
Левел
Балансиран
Цена
999 денари
Категорија
Храни се Здраво
Подарок
Книга на Тоше Зафиров
Предлог План 3а Крвен Притисок
Овој едномесечен план за исхрана е специјално дизајниран за мажи и жени кои се соочуваат со нарушувања на крвниот притисок, како висок (хипертензија) или низок (хипотензија) крвен притисок. Нашиот план комбинира избалансиран внес на хранливи материи и здрави оброци за да ви помогне да го стабилизирате и контролирате крвниот притисок, додека истовремено ја подобрувате целокупната благосостојба.
“Вашиот потенцијал е неограничен и во секој момент сте способни да го промените својот свет”
Што да очекувате:
Планот содржи дневни оброци кои се богати со овошје, зеленчук, интегрални житарки и немасни протеини. Храната која содржи високо ниво на сол, заситени масти и шеќери е сведена на минимум. Секој оброк е внимателно дизајниран за да обезбеди оптимален баланс на микронутриенти и макронутриенти.
Следејќи го овој план за исхрана, не само што ќе имате контрола над крвниот притисок, туку и ќе го подобрите вашето целокупно здравје и виталност.
Дел од состојките кои што се вклучени во планот за исхрана
Наша Препорака за Риба
Водени од визијата за иновација и извонредност, ги проширивме нашите производствени капацитети за да вклучиме софистицирани, најсовремени производи. Нашата посветеност на квалитет и прецизност ни овозможи да го оствариме нашиот сон за испорака на исклучителни производи. Резултатите зборуваат сами за себе. Нашите понуди се познати по нивниот врвен квалитет, луксузниот дизајн и исклучителен вкус, што е доказ за задоволството на нашите ценети клиенти.
Со јасна визија и непоколеблива посветеност, развивме палета на премиум 100% македонски производи под брендот ROYAL FISH. Секој производ е одраз на нашата посветеност на највисоките стандарди на технологија и експертиза. Од нашето сопствено производство на свежа риба до непосредна обработка и пакување, ние гарантираме дека секој производ што доаѓа до нашите клиенти е свеж, висококвалитетен и вкусен.
Успешни Трансформации
Успешните приказни се дел од нашето секојдневие!
Број на трансформации над 1000 задоволни клиенти
“Имам држено диети не знам какви и не знам веќе колку и ефектите биле минимални а сум умирал од глад. Диетата ти што ми ја даде не да е добра туку е совршена, не сум гладен, имам енергија и за 5 дена 4 кг. симнав.”
“Многу сум задоволна од резултатот, за 5 дена симнав 3,4 кила. Воопшто не бев гладна и овие резултати без никаква дополнителна физичка активност. Понекогаш во текот на денот осеќав главоболка ама тоа беше издржливо. Сега ќе почнам и со прошетки затоа што не стигнав во првата недела.”
“Сабота наутро стартни 103 кг. понеделник наутро 100.5 кг. Придржување кон режимот, освен џвакање мастика, тоа е отстапка од моја страна.”
Слични Планови за Исхрана
Диета со Ниска Калориска Вредност!
Дали сте спремни да ја превземете контролата врз вашата исхрана и да започнете патеката кон подобро здравје и фит фигура? Диетата со Ниска Калориска Вредност е вашиот клуч кон постигнување на целите за загуба на тежина и здрав начин на исхрана.
Слатка Диета
Дали сте подготвени да ја промените вашата исхрана и да ги отстраните вишокот килограми со слаткиот план за исхрана? Слатката Диета е вашата клучна карта кон здрав живот и идеалната фигура!
Месечна Диета - 1000 Калории
Диета со ограничен внес на калории е планиран режим на исхрана кој се фокусира на значително намалување на калориите и главната цел зад оваа диета е да се креира калориски дефицит. Ограничувањето на калориите на 1000 калории на ден може да доведе до брзо намалување на тежината.
Храни се Здраво
Започни ја денес твојата најдобра трансформација со нашите калорииски диети!
Одбери го твојот Фитнес Ментор
План за Исхрана - Почетник до Професионалец
Планот за исхрана од почетник до професионалец е дизајниран да ги подобри вашите навиките за исхрана на различни нивоа. Овие планови се персонализиран според индивидуалните потреби и цели, вклучувајќи ги фактори како возвраст, пол, телесна тежина и ниво на активност.
Нашата цел е да го потикнеме секој човек да внимава на своето здравје со внесување на здрави намирници и физичка активност. Нашата палета за планови на исхрана е голема и имате можност да одберете план за исхрана прифатлив за вашиот џеб.